Кронки ги разочара навивачите: Не го продавам Арсенал

Стен Кронки објави дека нема да го продаде Арсенал и дека воопшто не размислува за повлекување од чело на Топчиите, иако за таква варијанта се грото симпатизери на лондонскито клуб.

Семејството Кронки има околу 63 отсто од акциите во Арсенал, сосема доволно за да управува со клубот, а денеска со писмо им најавија на навивачите дека нема да се повлечат.

Претходно легендите на Топчиите, Тјери Анри, Денис Беркамп и Патрик Виеира му се придружија на шведскиот бизнисмен Даниел Ек во понудата за купување на фудбалскиот клуб Арсенал.

Анри, Беркамп и Виеира се легенди на Арсенал, таму ги минаа најславните денови од нивните клупски кариери, а сега сакаат да раководат со клубот од Лондон.

Навивачите на Арсенал пред три дена протестираа против семејството Кронки. Тие не се задоволни од раководството на клубот, а милијардерот Ек, кој е навивач на Арсенал, објави дека ако актуелниот сопственик реши да го продаде клубот, тој би бил заинтересиран да го купи.

Кронки очигледно нема намера да го продаде Арсенал, но можеби вака притисокот од навивачите ќе се засили бидејќи тие сакаат луѓе како Анри, Беркамп и Виеира да бидат во раководството.

Семејството на американскиот бизнисмен покрај Арсенал, во своја сопственост ги има и НБА-клубот Денвер нагетс и НФЛ-франшизата Лос Анџелес рамс.

 

- Оглас -

Најнови вести