Крос: Честитки за тој што ќе го земе Клоп за тренер

Еден од најдобрите германски фудбалери во последната деценија, Тони Крос од Реал Мадрид, смета дека неговиот сонародник Јирген Клоп е легенда во Германија, Англија и Ливерпул и дека ќе биде огромен плус за тој што ќе успее да го ангажира по најавеното заминување од Ливерпул на крајот на сезонава.

„Честитки за тој што ќе успее да го ангажира Клоп сега. Тој е многу интелигентен човек кој знае кога е време да си оди и заслужува сам да ја донесе одлуката каде ќе продолжи по Ливерпул. Не верувам дека е уморен, можеби лани многумина очекуваа да си оди. Како Германец, се надевам дека еден ден ќе има некаква улога во нашата репрезентација. Навивачите одамна го чекаат тоа“, вели Крос.

- Оглас -

Најнови вести