Крос е повреден, нема да игра против Македонија

Тони Крос, еден од главните играчи на германската репрезентација, поради повреда на бутниот мускул ќе ги пропушти мартовските квалификации за СП 2022.

Крос повреден одговори на на репрезентативните обврски, а по прегледите е утврдено дека не е во можност да настапува, по што веднаш ќе се врати во Шпанија каде што ќе почне со рехабилитација.

Тоа значи дека Панцерите нема да сметаат на искусниот креативец за дуелите со Македонија на 31 март, како и против Исланд и Романија претходно.

- Оглас -

Најнови вести