Крос го нарекуваат мозок на Реал Мадрид, но статистиката покажува нешто друго

Тони Крос има повреда и вечерва нема да игра на дуелот со Реал Сосиедад, а тоа што ги загрижува во Реал Мадрид е што можеби Германецот нема да игра ниту на најважниот меч досега сезонава за тимот, против Пари Сен Жермен в среда.

Крос е незаменлив стартер во средниот ред кај тренерот Карло Анчелоти, многумина го нарекуваат „мозок“ на Реал Мадрид, но статистичките показатели покажуваат нешто друго.

Оваа сезона, Реал има подобри резултати кога не игра Крос. На 11 меча без Крос во сите натпреварувања, Реал има 9 победи и два нерешени резултати, што е 77,8 отсто триумфи. Од друга страна, со Крос на терен, на 29 меча Реал има 20 победи (има и пет порази), што е 69 отсто успешност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести