Крос: Господ гледа, затоа судијата се повреди!

Тони Крос не е направен од мраз, иако понекогаш изгледа така. На натпреварот против Севиља, една одлука на судијата Дијас де Мера Ескудерос толку многу го изнервира Германецот, што тој „експлодира“, а го смируваа да не продолжи така да се обраќа кон судијата бидејќи може да добие и втор жолт картон.

„Јас не сум некој што сака да се занимава со судиите за време на натпреварот и никогаш не го правам тоа… но овојпат беше премногу. Мислам дека во текот на целото прво полувреме судијата свиреше фаули кои или не беа или беа на граница. Она што ме налути толку за мојата постапка беше што стоев на еден метар оддалеченост од противникот. Гледам како почна да дрибла во својот простор и само сака да се судри со мене. Тогаш се оддалечив за да нема многу контакт со мене, но судијата го игнорираше тоа“, вели Крос.

Додека Баде од Севиља паѓаше на земја, Крос му вика на судијата „еден метар, еден метар“, правејќи гестови со рацете. За протестите доби жолт картон.

„Господ гледа сè и веројатно затоа судијата се повреди. Четвртиот судија кој влезе место него е многу подобар судија“, додава Крос.

- Оглас -

Најнови вести