Крос и по завршување на кариерата останува во Реал Мадрид

Тони Крос со одлуката да се пензионира на крајот од актуелната сезона ги шокира сите во Реал Мадрид, но претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, веднаш направи план како да го задржи Германецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Според шпанските медиуми, Перес планира во текот на наредната сезона да му понуди на Крос функција во спортскиот сектор на Реал Мадрид.

Идејата на Перес е Крос да биде задолжен за преговори и ангажирање на младите фудбалски ѕвезди во подем.

Крос веќе покажа дека може да биде успешен на ова поле бидејќи наводно го договорил трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во Реал Мадрид. Овој трансфер наводно треба да се реализира идната година.

- Оглас -

Најнови вести