Крос: Мислам дека ќе ја видиме Суперлигата, Лигата на нации никому не му треба!

Германскиот фудбалер Тони Крос има позитивно мислење за идејата за формирање на Суперлигата која ја заговараат неколку големи клубови, меѓу кои и неговиот Реал Мадрид, но Крос е против Лигата на нациите, која според него нема смисла.

„Суперлигата е добра идеја и треба да ѝ се даде шанса да видиме како ќе функционираат клубовите без организација од УЕФА. Зошто тоа не е во ред, а во ред е Лига на нации која никому не му треба“, рече Крос.

Тој смета дека евентуалната Суперлига ќе биде плус и за гледачите, иако мнозинството фанови засега се против таа лига.

„Мислам дека ќе има Суперлига, и тоа од неколку причини. Многумина велат дека не сакаат секоја недела да гледаат Реал Мадрид против Манчестер сити. Неутралните сакаат такви мечеви. А, се заморивте ли од гледање на Федерер против Надал, постојано и постојано? Јас не се заморив. Тоа е мое мислење“, сподели Крос, кој утре нема да биде дел од составот на Реал Мадрид на гостувањето кај Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести