Крос: Нема амбициозен фудбал во Саудиска Арабија, таму сè е во парите

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, уште еднаш изјави дека не е задоволен од тоа што многу познати фудбалери „дотрчаа“ во Саудиска Арабија поради парите и огромните договори кои ги добија.

„Се зборува дека таму се игра амбициозен фудбал, но сè е во парите. За жал ова е почеток на тежок период за фудбалот каков го знаеме и го сакаме“, изјави Крос во интевјуто за „Спортс Илустрејтед“.

На Германецот не му се допаѓа тоа што покрај фудбалерите кои се залез на кариерите, во Саудиска Арабија одат и далеку помлади фудбалери.

„Секој сам за себе мора да си ја донесе одлуката, како што на пример одлучи Кристијано Роналдо. Не е исто кога ја има целата кариера пред себе или кога си на залез од истата“, вели Крос кој веќе десет години го носи дресот на Реал Мадрид и летово одби да се пресели во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести