Крос одлучи кариерата да ја заврши како Крал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, изјави дека кариерата ќе ја заврши токму во Кралскиот клуб, но не прецизира кога ќе се случи тоа.

Германецот има договор со Реал Мадрид до идното лето, а шпанските медиуми пишуваат дека претседателот Флорентино Перес му нуди нов едногодишен договор, но Крос сè уште не одговорил на понудата.

„Ништо не е променето од тоа што отсекогаш сум го зборувал – дека нема да одам никаде и дека нема да ги менувам клубовите. Ќе останам тука и ќе ја завршам кариерата тука. Единствено не знам кога ќе се случи тоа“, изјави Крос.

Германецот вели дека воопшто не размислува за иднината и идните чекори, туку само сака да игра фудбал.

„Мирен сум, за тоа ќе размислувам идната година или за време на паузата поради Светското првенство. Смешно е бидејќи многу луѓе мислат дека знаат што ќе се случи, а јас се уште не сум одлучил ништо, ниту пак сум размислувал на таа тема. Но, и јас и Реал сме мирни, секогаш разговараме, тука сум речиси осум и пол години и нема да се промени нашиот однос. Ќе разговараме во јануари или февруари, а можеби и во март идната година, и тоа надвор од очите на јавноста“, рече Крос.

- Оглас -

Најнови вести