Крос се враќа во составот на Реал по 141 ден пауза, можен дуел со Николов

Името на Тони Крос во пријавната листа на кандидати во Реал Мадрид за настап на утрешниот меч против Шериф Тираспол е изненадување и за добро упатените шпански новинари, иако Германецот тренираше деновиве. Крос се најде на листата на Реал по 141 ден пауза поради повреда.

Ако Крос заигра за Реал, тогаш утре на средината на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид тој може да има дуели со македонскиот фудбалер за врска Бобан Николов. Последниот настап на Крос беше на 9 мај против Севилја.

- Оглас -

Најнови вести