Крос состави дрим тим од пензионирани играчи и изненади со едно име

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, состави дрим тим од играчи што веќе се пензионирани, но играл против нив или заедно со нив, и ги изненади сите со едно име.

Најголемо изненадување во идеалниот тим на Крос е поранешниот француски репрезентативец Јоан Мику кој најголем дел од кариерата го помина во Вердер.

Исто така интересно е што во идеалниот тим на Крос од пензионирани играчи има само еден Германец, тоа е најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, Мирослав Клосе.

На голот е Икер Касилјас, а одбраната ја сочинуваат Кафу, Роберто Карлос и Паоло Малдини.

Во средниот ред се Андреа Пирло, Роналдињо, Зинедин Зидан и Мику, додека нападот го е составен од триото Клосе, Луис Назарио да Лима Роналдо и Тиери Анри.
Според Германецот, идеален тренер е Јуп Хејнкенс.

- Оглас -

Најнови вести