Крос удри по УЕФА и ФИФА: Нè третираат како мапети

Тони Крос, еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, жестоко ги критикуваше УЕФА и ФИФА потенцирајќи дека организациите воопшто не се грижат за фудбалерите, а единствено на што мислат е како да се полнат буџетите на светската и европската фудбалска куќа.

Германскиот репрезентативец без влакна на јазикот го истакна своето мислење во интервју за германскиот весник „Билд“.

„За жал, ние како фудбалери не одлучуваме за ништо. УЕФА и ФИФА нè третираат како да сме мапети, кукли со кои си играат како ќе им посака душата. Да постоеше унија на фудбалери, сигурно немаше да играме во Лигата на нациите, ниту пак Шпанскиот суперкуп ќе се одржуваше во Саудиска Арабија. Овие натпреварувања служат само да се полни буџетот, додека пак нас никој не нè прашува дали можеме да ги издржиме напорите. Настојувам фудбалот да остане како што е бидејќи доволно се трошиме во домашните првенства, Лигата на шампионите, Светското првенство, како и континенталните шампионати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести