Кротоне испиша историја, прими рекордни 92 гола во една сезона во Серија А!

Беневенто не успеа да го победи Кротоне, одиграа само 1-1 и на тимот на тренерот Филип Инѕаги му им бега тенката сламка која можеше да им донесе спас и опстанок во елитното италијанско друштво. На Вештерките за опстанок ќе им треба вистинско чудо, мора да победат и во последното коло, и да чекаат пораз на Торино во вторник од Лацио и потоа сами да го совладаат Торо во меѓусебен дуел.

Беневенто рано поведе, Кротоне од 24-та минута имаше човек помалку, но во 93-та минута ги шокираа домашните со гол за изедначување.

Кротоне кој е претпоследен на табелата, со голот кој го прими од Беневенто, постави негативен рекорд во Серија А. Кротоне има несвојствени за италијанска екипа, дури 92 примени голови во една сезона, и го урнаа стариот рекорд на Казале кој имаше 91 примен гол во далечната сезона 1933/1934. Кротоне дополнително може да го „подобри“ својот неславен рекорд во последното коло кога игра дома против Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести