Брајан Сарагоса синоќа во дресот на Осасуна постигна атрактивен гол против Барселона кога мајсторски го издрибла голманот Ињаки Пења, а при прославата, го имитираше Брахим Дијас од Реал Мадрид.
Шпанските медиуми се заинтересираа што е причината за ова, а одговорот е во минатото кога Брајан и Брахим живееја во Малага.
Љубителите на футсалот веднаш го препознаа дриблингот на Брајан. Историјата на овој дриблинг оди многу наназад. Двајцата се од Малага и пораснале во иста населба. Брахим е две години постар, но двајцата играле заедно во локален футсал тим во нивниот роден град. Клубот бил во сопственост на таткото на Брахим, Суфиел, кој бил и тренер заедно со еден од неговите браќа.