Крвава ноќ по дербито Динамо – Хајдук: Навивачите и полицијата се тепале на автопат, двајца застрелани (Видео)

По синоќешното дерби во Хрватска меѓу Динамо и Хајдук, дошло го големи нереди меѓу навивачите на тимот од Сплит и полицијата, во кои има голем број на повредени, а две лица се повредени со огнено оружје.

Нередите се случиле на автопатот А1, кај одмаралиштето Десинец, помеѓу Загреб и Карловац. Популарната навивачка група Торцида со повеќе од 10 свои членови учествувале во тепачката со полицијата.

За да се смири топлата, полицијата морала да употреби и огнено оружје, при што биле ранети двајца навивачи, додека повеќе од 10 полицјци биле повредени.

Хаосот започнал кога навивачите на Хајдук ги сропирале сите три ленти од автопатот и околу 150 од нив излегле на автопатот. Сите биле вооружени, па затоа полицијата морала да користи и огнено оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести