Крвнички старт врз најдобриот стрелец во романската лига ги расплака и него и соиграчите (Видео)

Босанскиот фудбалер Елвир Кољиќ, кој игра за Универзитатеа Крајова и е прв стрелец во романската лига, вечерва беше жртва на многу груб прекршок од страна на Овидиу Михалаке од Политенхика Јаши. Михалаке најпрвин доби жолт, а потоа судијата ја смени одлуката и му додели црвен картон.

Тој можеби му го скрши глуждот на противникот чиј болен извик по фаулот ги исплаши сите, а клупските колеги се држеа за глава.

Несреќниот Кољиќ беше пренесен во болница, а болката му беше очигледна и најверојатно има скршеница, што би значело пауза од неколку месеци.

Погледнете го фаулот кој предизвика тешка повреда на Босанецот:

- Оглас -

Најнови вести