Крвнички стартуваше врз својот соиграч (Видео)

Во жарот на играта, во фудбалот често се случуваат неочекувани моменти. Еден таков потег имаше на дуелот од втората полска лига меѓу Ресов и Висла кога играчот за врска на домашниот тим Бартош Квесијен со лизгачки старт успеа да повреди соиграч.

Рубен Хугенхут беше во полн залет да шутира кон пртивничкиот гол, кога врз него стартуваше соиграчот Квесијен. Повредениот фудбалер остана да лежи на тревата и тоа без копачка, со крваво стопало.

Останатите фудбалери кои беа на теренот, останаа збунети зошто Квесијен реши да стартува со лизгачки старт врз соиграчот, иако во близина немаше ниту еден противнички фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести