Кубарси со десет конци на лицето ќе биде стартер против Реал Сосиедад?!

Младиот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси, на мечот со Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите заработи исеченица на лицето и 10 конци, па претпоставките беа дека ќе биде надвор од терените на одреден период.

Сепак, според шпанските медиуми, Кубарси изразил подготвеност да игра против Реал Сосиедад, па сега останува на стручниот штаб и на Ханси Флик да одлучат дали ќе ризикуваат или сепак ќе му дадат пауза на младиот дефанзивец.

Кубарси е стандарден во одбраната на Барселона, а Флик има проблеми токму со дефанзивата, па можно е младиот фудбалер да настапи, но во спротивно, неговото место ќе го заземе уште еден млад дефанзивец, Домингес.

- Оглас -

Најнови вести