Куче прекина натпревар во Јужна Америка, не можеа да го одвојат од топката (Видео)

На натпреварот од 14-тото коло во чилеанскиот шампионат помеѓу Курико Удино и Палестино (0:1) ѕвезди не беа фудбалерите, туку лабрадор кој влета на теренот и ги насмеа сите.

Кучето по влетувањето на теренот, веднаш дотрча до топката и кога ја „освои“, не сакаше да ја пушти, поради што фудбалерите мораа заедно со неа да го изнесат од теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести