Куче влета на теренот и не дозволи да се изведе корнер (Видео)

Интересен натпревар одиграа Смедерево и Железничар од Лајковац во српската лига запад. Средбата заврши 3-3, а на стадионот покрај Дунав, на кој во минатото се играа и европски мечеви, главна ѕвезда беше еден неповикан гостин кој ги изненади фудбалерите.

Станува збор за куче, кое во еден момент на почетокот на мечот влета на теренот и сакаше да си игра со топката, не дозволувајќи им на домашните да изведат корнер. Главниот судија го прекина мечот.

Смедерево некогаш беше хит и пријатно изненадување во српскиот фудбал. Под името Сартид, во 2003 година го освои Купот на нашиот северен сосед, играше европски мечеви против Данди јунајтед, Минхен 1860, Славија Прага, Ипсвич, а сега е само третолигаш и кучиња му шетаат по теренот.

- Оглас -

Најнови вести