Кукоч извиси и осми пат за Куќата на славните, предност имаа мртвите

Хрватот Тони Кукоч барем засега не влегува во друштво на сонародниците Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раѓа кои се членови на кошаркарската Куќа на славните, иако Кукоч осум години е кандидат за влез во кошаркарската бесмртност.

Кукоч годинава имаше добра шанса да влезе во Куќата на славните преку избор на меѓународниот одбор, но повторно беше краток и предност доби покојниот Патрик Бауман, кој 17 години беше во ФИБА, еден период и генерален секретар, помагајќи баскетот 3х3 да стане олимписки спорт.

Многу кошаркарски великани кои не се од САД, влегуваа во Куќата на славните преку меѓународниот одбор, но сплитскиот Пинк Пантер кој со Југопластика освои три европски титули, а со Чикаго булс три шампионски прстени во НБА, уште е на листата на чекање.

Годинава „преку ред“ влезе и Коби Брајант, кој трагично го заврши својот живот. За него се направи исклучок, бидејќи има право оти за влез во Куќата на славните, потребно е играчот барем пет години да е во пензија.

- Оглас -

Најнови вести