Култниот голман што не ги соблече сивите тренерки отиде во пензија (Видео)

Унгарскиот легендарен голман Габор Кирали, кој е познат по тоа што бранеше во сиви тренерки, конечно се повлече од активното играње фудбал. Кираљи има 43 години, а кариерата му траеше дури 26 години.

Габор Кирали имаше 108 настапи за националниот тим, а најголем дел од клупската кариера ја мина во Германија и Англија.

„Му благодарам на фудбалот, кој ме научи да бидат подобра личност“, рече Кирали, кој во 2016 година иако беше најстар играч на Европското првенство во Франција, ја имаше најдобрата одбрана на шампионатот.

Тој кариерата ја почна во 1993 година во Халадаш, клуб од неговиот роден град Сомбатели, а во 1997 премина во Херта Берлин. За Херта имаше 252 настапи, а во 1998 беше голман на годината во Бундеслигата. Подоцна се пресели во Премиер лигата и бранеше за Кристал палас, Вест хем, Астон вила, Барнли и Фулам. Се врати во Германија, во Минхен 1860, а последните четири сезони ги мина повторно во неговиот Халадаш.

Погледнете ги најдобрите одбрани на Кирали во неговата кариера:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести