Култниот српски клуб губи по 11:0, но навивачите го полнат стадионот (Фото)

Екипата на Рад од Белград во поранешна Југославија беше прволигаш, играше и во европските фудбалски купови, но од 2021-вата година почна распадот. Во моментов се во зонската лига, односно во четвртиот фудбалски ранг на Србија.

Пред почетокот на сезона беше неизвесно дали ќе се натпреваруваат, но навивачите се оние кои го одржуваат клубот во живот. Играат со младинци, губат катастрофално од кого ќе стигнат. Во моментов се на последното место после четири кола, без бодови и со катастрофална гол-разлика од 0-29. На последниот меч загубија со 11-0, но стадионот на Бањица постојано е исполнет и тоа пред се поради навивачката група „Јунајтед Форс“ која секаде го следи Рад.

- Оглас -

Најнови вести