Култниот „Вестфален“ ќе продолжи да биде „Сигнал Идуна парк“ до 2031 година

Стадионот на Борусија Дортмунд, познат како култно место и „Вестфален“, сепак ќе продолжи да биде „Сигнал Идуна парк“, и тоа до 2031 година.

Популарните Милионери и познатата компанија од Хамбург за осигурување и финаниски консалтинг го продолжија договорот за соработка за уште девет години.

„Сигнал Идуна групацијата“ е спонзорот што е најдолго од сите без прекин со Борусија Дортмунд.

Првиот договор за спонзорство беше потпишан во 1974 година и оттогаш трае речиси полувековната соработка.

Од 2005 година и стадионот на Борусија го носи името на „Сигнал Идуна“.

 

- Оглас -

Најнови вести