Кулушевски кратко ќе биде во Парма – Јувентус и Интер се тркаат за шведската сензација со македонско потекло

Дејан Кулушевски кратко ќе остане во Парма, барем според најавите од Италија, а медиумите објавуваат дека Јувентус и Интер се тркаа кој попрво ќе успее да го ангажира 19-годишното момче од Шведска со македонско потекло.

Кулушевски игра извонредно на почетокот на сезоната и веќе има три асистенции и еден гол за околу 600 минути игра во дресот на Парма.

Јувентус летово понуди 8 милиони евра за Кулушевски, но раководството на Аталанта ја одби понудата и го испрати на позајмица во Парма.

Претходно и Интер, и тоа многу порано од Јувентус, се обиде да го донесе Дејан на „Џузепе Меаца“. Во 2017 година Нераѕурите имаат неуспешен обид да го ангажираат Кулушевски, а потоа Аталанта реагираше експресно и му понуди договор до 2023 година.

Кулушевски моментно е на едногодишна позајмица во Парма, а секако дека ако продолжи да игра на ова ниво, ќе се врати во Бергамо, а оттаму веќе идното лето може да бира меѓу двата гиганти од Торино и Милано.

- Оглас -

Најнови вести