Кулушевски од блиску се увери со каков „предатор“ ќе игра во следната сезона

Јувентус благодарение на Кристијано Роналдо ја победи Парма со 2-1 во последниот меч од колото во Серија А и сега Старата дама откако врза пет победи по ред, има четири бода плус во однос на Интер и шест бода повеќе од Лацио, кој има и еден меч помалку.

Португалецот Роналдо е првиот играч на Јуве по Давид Трезеге (Трезеге даваше барем по еден гол на девет средби по ред) од декември 2005 кој дал голови на седум меча по ред во италијанскиот шампионат и прв по легендата Омар Сивори од 1960 година, кој има 16 погодоци по првите 20 кола.

Јувентус е во низа од 31 лигашки меч без пораз. Дејан Кулушевски, кој од следната сезона ќе игра за италијанскиот првак, вечерва на своето последно гостување на стадионот на Јуве во Торино одигра 88 минути.

- Оглас -

Најнови вести