Куман: Да не беше Тер Штеген, Барселона ќе примеше неколку гола

Барселона славеше над Динамо Киев на „Камп ноу“, но мечот се покажа дека воопшто не беше лесен. Каталонците победија само со 2:1, а гостите иако беа без повеќе стандардни првотимци (заразени со корона-вирус), дадоа достоен отпор на фаворитот.

Играчите на Барселона неколку пати излегуваа сами пред голманот на Барселона, но Марк-Андре тер Штеген покажа зошто е чувар на мрежата од светска класа. И по мечот, тренерот на Барселона, Роналд Куман, го посочи Тер Штеген како најзаслужен за триумфот над Динамо Киев.

https://youtu.be/kJ4Uttis7Xg

„Започнавме добро и брзо поведовме со 1:0. Добро е што потоа дадовме и втор гол, но во еден момент ја испуштивме контролата на играта. Денеска не игравме добро без топка и остававме многу простор на противникот. Тоа мора да го коригираме ако сакаме да бидеме на посакуваното ниво. Победивме благодарение на Тер Штеген. Тој беше фантастичен на голот и спаси неколку сигурни ситуации од кои гостите можеа да погодат“, рече Куман по синоќешната победа над Динамо.

И кај Динамо Киев прва ѕвезда во тимот беше голманот. На голот на гостите беше 18-годишниот Руслан Нешерет, кој имаше неверојатни 12 одбрани и не дозволи Динамо да загуби убедливо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести