Куман се жали: Не ни досудија пенал

Роналд Куман смета дека Барселона не требаше да го загуби првиот полуфинален дуел против Севилја во шпанскиот куп, а холандскиот стратег се жалеше и на арбитражата тврдејќи дека не бил досуден пенал во корист на Каталонците.

Кунде и Ракитиќ му пресудија на актуелниот шпански вицепрвак, кој пак во реваншот ќе треба да брка негатива од два гола за да остане во игра да се бори за трофејот во Купот.

„Ова е многу лош резултат за нас. Игравме многу добро против тежок противник. Креиравме доволни шанси за да постигнеме неколку погодоци, меѓутоа не успеавме. Дури бевме и оштетени од страна на судиите кои не ни доделија пенал. Ќе мора да анализираме каде грешевме, меѓутоа пред нас се нови натпревари за неколку дена, густиот распоред никако не е во наша полза“, посочи Куман по мечот на „Рамон Санчес Писхуан“.

Реваншот на „Камп ноу“ е закажан за 3 март, а Барселона пред тоа треба да одигра три меча во првенството, како и првиот осминафинален дуел против ПСЖ во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести