Куман со лоши вести за Барселона пред двата меча со мадридските ривали

Едно од најголемите дерби мечеви во светот, шпанското Ел Класико ќе се игра на 24 октомври. Иако има уште една недела до дуелот Барселона – Реал Мадрид, каталонскиот гигант има лоши вести за своите фанови.

Уште од сега се знае дека голманот Марк Андре тер Штеген нема да настапи на Ел Класико.

„Не верувам дека Тер Штеген ќе биде подготвен до наредната недела. Немаме ни датум кога би требало да се врати на теренот. Останува само да се надеваме дека за брзо време ќе го видиме повторно на теренот“, рече Куман.

Барселона и денеска има мадридски предизвик, гостува го главниот град кај Хетафе. Каталонците имаат осум победи едно реми во последните девет меча со овој ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести