Кумановци се хит и ќе бидат опасни, купија кошаркар што играл летна лига за ЛА лејкерс и Бостон селтикс (Фото)

Кошаркарскиот клуб Куманово приреди сензационален подвиг со ангажманот на Џонатан Холмс, играч што има настапувано за двата НБА гиганти Лос Анџелес лејкерс и Бостон селтикс на натпревари од летната лига.

Холмс има одиграно и неколку натпревари за Барселона, па јасно е дека кумановци имаат големо засилување за следната сезона во која ќе играат на три фронта.

Џонатан има 28 години е и висок 203 сантиметри па може да игра и како крило и како центар, а беше член на дури четири екипи во НБА лигата. Во 2015 настапи за Бостон селтикс на 8 меча во летната лига и имаше просек од 10 поени и пет скока.

Потоа се пресели во Лос Анџелес лејкерс и за најтрофејниот НБА клуб одигра два подготвителни натпревари во претсезоната. На едниот од нив тешко се повреди, па Лејкерс го ослободија.

Играше и за Мемфис гризлис и за Кливленд кавалирс, исто така во летната лига на НБА, но не успеа да се наметне за настапи во регуларен дел од сезоната.

Во 2016 година потпиша за Барселона и одигра 10 меча со просек од 7,7 поени и 3,7 скока, но се радели со гигантот по само два месеци, во јануари 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести