Ќумбев верува во „црвените ѓаволи“: Прв пораз за Лестер во Премиерлигата

Манчестер Јунајтед – Лестер (Премиерлига Англија, Сабота 16 часот)    

Манчестер јунајтед фуриозно ја почна новата сезона со победа од 4:0 против Челзи и застана.

Овој натпревар е шанса повторно да победи и да фати приклучок во горниот дел од табелата. Лестер нема пораз оваа сезона, но мислам дека ќе замине без бодови од „Олд Tрафорд“.

Домаќинот е фаворит, а и традицијата е апсолутно на страна на „црвените ѓаволи“ кои имаат 10 меча без пораз против Лестер.

Предлог тип: 1 (2.25) Супер тип на Sport Life

 

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен (Бундеслига Германија, Сабота 15.30 часот)    

Домаќинот е фаворит и мислам дека ќе освои три бода. Во прилог оди и фактот што Баер Леверкузен не знае за победа на овој терен четири години.

Борусија повторно е ефикасна, по три кола е вториот најефикасен состав во Бундеслигата и повторно играат атрактивен фудбал. И Баер одлично стартуваше, без пораз е по три кола, а имаат одлични напаѓачи.

Сепак според мене „милионерите“ имаат подобар тим и ќе победат.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

Лехиа Гдањск – Лех Познан (Екстракласа Полска, Сабота 17.30 часот)  

Двата тима играат топло ладно на почетокот на сезоната, па затоа се одлучив на голови на двете страни зачинето со 3+.

Лехија лани до крајот водеше битка за шампионската титула, но стартот од новата сезона е скромен.

И Лех е постојано меѓу фаворитите за трофеј во Полска во последните години, но и тие играат променливо. Стартот во новата сезона во Екстракласа им е со 3 победи и два порази по седум кола. Очекувам меч без калкулации со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.18)

 

Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид (Ла Лига Шпанија, Сабота 18.30 часот)  

За мене фаворит на овој дуел е гостинот. Иако игра можеби недопадлив фудбал четата на Диего Симеоне е еден од кандидатите за титулата во Ла Лига. Купија одлични играчи во летниот преоден рок, меѓу нив и најскапиот во Шпанија, Жоао Феликс.

Аноета е секогаш незгодна за гостување, Реал Сосиедад има две победи против Атлетико Мадрид на последните три меча во Сан Себастијан, но денеска голем фаворит е гостинот од Мадрид. Типувам двојка.

Предлог тип: 2 (2.18)

 

Рома – Сасоуло (Серија А Италија, Недела 18 часот)  

Рома едноставно мора да победи. Знаејќи дека овие два тима секогаш играат ефикасен фудбал и затоа типувам единица со 3 +.

Интересна е традицијата кога овие два тима играат во Рим. На сите шест меча се тресеа двете мрежи, а Рома нема пораз од Сасуоло на „Олимпико“. Очекувам традицијата да продолжи, со нов ефикасен меч што ќе го добие „римската волчица“.

Предлог тип: 1&3+ (2.28)

 

- Оглас -

Најнови вести