Кумот Рубљов направил шоу на крштевката на ќерката на Медведев: А да се замениме?

Руските тенисери Андреј Рубљов и Данил Медведев се големи пријатели, а помладиот направил шоу кога ја кршевал Алиса, ќерката на Данил.

Церемонијата на кршевката на ќерката на Данил и Дарија Медведев се одржа минатата недела во Монте Карло, а на неа присуствуваа кумот Андреј Рубљов и уште еден руски тенисер, Карен Хачанов.

Рубљов откри дека на крштевката направил шоу откако сфатил колкава е одговорноста на кумот.

„Свештеникот одржа таков говор за моите должности и обврски, поради што морав гласно да се запрашам: Што ќе прави Данил, ако јас морам да го покријам сето тоа? Тој ми одговори дека Данил мора финансиски да го издржува своето семејство. Тогаш го прашав свештеникот дали може да се замениме со Данил бидејќи јас имам многу поголема одговорност“, открива Рубљов.

Тој ги откри новите должности како кум на Алиса.
„Сега јас сум одговорен за тоа Алиса да верува во Бог, дека морам секој ден да се молам за неа, да се грижам да не го симне крстот и да израсне во добра и љубезна личност“.

- Оглас -

Најнови вести