Кунде трчаше и дриблаше како Марадона и Меси, Мајнц приреди подвиг во Келн (Видео)

Мајнц успеа да приреди подвиг и да анулира два гола негатива против Келн, за реми 2:2 во првиот денешен меч во 26. коло во Бундеслигата.

Помош за гостите стаса од африканската врска Авоњи-Кунде, а особено убав беше последниот гол на мечот. Кунде Малонг во стилот на Марадона и Меси претрча сам 40-на метри ги издрибла противниците на патот до голот и погоди за 2:2.

https://twitter.com/Amine_Zdf_mp4/status/1262037544092475392?s=20

Претходно Авоњи намали за Мајнц, откако Келн имаше комотна предност од 2:0 со головите на Ут и на Кајнц во шестата минута од првото и второто полувреме.

Ова беше прв меч за двете екипи по долгата пауза од два месеци поради пандемијата со Коронавирус, а ремито е праведен исход на мечот.

Келн остана на 10. место, сега со 33 бода, а Мајнц освои значаен бод во битката за опстанок. Сега се израмнети со Аугзбург со по 27 бодови, на двете позиции што се веднаш над опасната зона за испаѓање од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести