Ќурчиќ: Наоми во кревет е врв, ја легнав и Ева Херцигова, но со Кармен Електра имав најлуд секс

Познатиот поранешен српски фудбалер Саша Ќурчиќ раскажа пикантерии од својот бурен љубовен живот во време кога беше на врвот на својата слава и играше во Премиер лигата.

Популарниот Џани вели дека уште во стриптиз-барот на хотелот „Метропол“ во Белград почнал да се дружи со мафијаши, во тој период ја загубил и невиноста со една Романка која работела како стомачна танчерка. Од клубот Партизан посакале да го продадат во странство бидејќи ако останел во Белград, можеле да го убијат. Ќурчиќ од Партизан премина во Болтон, а по седум месеци, за 15 милиони марки беше продаден во Астон вила, пред да се пресели во Кристал палас.

„Играв многу добро, заработував 6-7 милиони марки годишно, но Бирмингам стана село за мене, па се преселив во Лондон и секој ден патував по еден час и нешто до клубот и назад. Во 90-тите секоја втора манекенка беше со мене. Купив пентхаус и правев журки, на ниедна жена не сум ѝ платил за секс. Не сум со проститутка, ни со старлета полна со силикони. Не ме пали пластика, јас сум за природни девојки“, раскажува Ќурчиќ.

Ќурчиќ тврди дека 30 пати имал секс со славната манекенка Наоми Кембел, која е навивач на Кристал палас, но дури по 20 заеднички излегувања, прифатила да спие со него.

„Врв е во кревет, но се гадам од женски влакна, а таа оставаше влакна насекаде. Многу е неуредна. Не ја вади шминката пред да легне да спие. Сака и да шмрка, ги навредува куќните помошнички, пцуе, правеше скандали по дискотеки, па решив да се оддалечам од неа. Сум бил и со Ева Херцигова, но Кармен Електра е најдобра во сексот. Таа е најлуда“, вели Ќурчиќ, кој кариерата како фудбалер ја заврши во 2001 година во Обилиќ, само на 29-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести