Куртoа го обвини Бејл како виновник за слабите резултати на Реал

Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид, реши отворено да го критикува соиграчот Герет Бејл. Чуварот на мрежата на Кралскиот клуб вели дека Бејл едноставно не се прилагодил на начинот на живот во Шпанија и поради тоа избегнува дружење со остатокот од соиграчите надвор од теренот.

Куртoа го нарече Бејл дека е „голфер“, поради тоа што најголемиот дел од слободното време го поминува играјќи голф. Белгискиот голман вели дека Герет е одличен играч, но едностано не се прилагодил на тимот.

„Многу е тешко да се опише Бејл во кратки црти. Многу е талентиран, но штета што тоа количество талент често е блокирано. Јас живеам како некој што е роден и пораснал од Мадрид. Јадам навечер, доцна одам да спијам. Тоа е шпанскиот начин на живот и јас се имам прилагодено на тоа. Неодамна, целиот тим отиде на заедничка вечера. Сите отидоа освен Бејл и Крос. Тие двајца одбија да дојдат бидејќи им било доцна за тогаш да излегуваат надвор. Околу 21:30 часот заминавме во ресторан, вечеравме во 22:15, а потоа околу полноќ пиевме кафе. На спиење заминавме во 1 часот по полноќ. Секој ден имаме тренинг во 11 часот и мислам дека тоа е идеално време за заспивање. Но, Бејл рече дека нема да може да дојде бидејќи морал во 23 часот да спие“, открива Куртoа.

Голманот на Реал не е прв кој го критикува Бејл. Капитенот на Реал, Серхио Рамос, јавно вели дека тимот кога е без Бејл на теренот, игра подобро, а дефанзивецот Марсело откри дека иако Бејл веќе шест години е во Мадрид, знае само неколку збора на шпански. 

- Оглас -

Најнови вести