Куртоа ја откри вистината: Повредата не е проблем, поради селекторот нема да играм на ЕП

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека ќе биде дел од селекцијата на Белгија на Европското првенство кое ќе се игра идната година во Германија.

Иако првично беше најавено дека повредата на вкрстените лигаменти на коленото е причина за неиграњето на ЕП, Куртоа во интервју за белгискиот „Спорза“ ја откри вистинската причина зошто нема да игра во Германија.

Главна причина не е повредата, туку лошиот однос со селекторот Доменико Тедеско, а сè започна со мечот од квалификациите за ЕП 2024 против Австрија. Куртоа тогаш побарал од Тедеско како капитен да го одбележи 100-тиот настап за репрезентацијата на Белгија, но селекторот одлучи Кевин де Бројне да биде капитен. Де Бројне пред мечот се повреди, но Тедеско и потоа не му ја даде капитенската лента.

„Де Бројне неколку часа пред натпреварот ни кажа дека е повреден, а потоа Ромелу Лукаку ја доби капитенската лента. Тоа беше вторпат селекторот да ми се обрати за време на подготовките за мечот и во тие моменти нешто пукна во мене. Не можев да го поднесам тој однос и по мечот со Австрија седнав да разговарам со селекторот Тедеско и директорот на репрезентацијата Франки Веркаутерен. Имав чувство дека Федерацијата не ме цени, а селекторот вршеше притисок врз мене дека не смеам да ја напуштам репрезентацијата бидејќи во спротивно ќе ги објави нашите приватни разговори од состанокот. Му реков дека тоа е неетички, дека станува збор за нарушување на довербата меѓу селекторот и фудбалерите. Следниот ден медиумите објавија сè, а јас знам кој им ги даде информациите. Им се извинувам на навивачите што ја напуштив репрезентацијата, но не можев да поднесам неправда“, открива Куртоа.

 

- Оглас -

Најнови вести