Куртоа направи чудо што 45 години не му успеало на ниту еден друг голман на Реал

Реал Мадрид синоќа ја победи Барселона со 2:0 и го превзема лидерското место во Примера дивисион. Еден од најзаслужните за победата на Кралевите секако е голманот Тибо Куртоа кој ги спречи сите напади на гостинските фудбалери посебно во првото полувреме.

Со тоа што успеа да ја сочува мрежата незатресена, Куртоа постави еден своевиден рекорд. Ова е само четврти пат во историјата на Ел Класико дуелите, Барселона да не даде ниту еден гол во двата лигашки меча. Есеноска на „Камп Ноу“ мечот заврши 0:0.

Таков подвиг Реал не направил од сезоната 1974/75, односно точно 45 години. Претходно такво нешто се случило и во сезоните 1935/36 и 1957/58. Куртоа со одбраните во двата меча против Реал влезе во историјата на мадридскиот тим и покажа зошто е еден од најдобрите во светот на својата позиција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести