Куртоа: Не очекувам овации на „Стемфорд бриџ“, но нека нема свирежи

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, за првпат откако си замина од Челзи и премина во Реал ќе брани во Лондон со публика на трибините. Во минатата сезона Реал исто така гостуваше кај Челзи, но немаше публика, а вечерва ќе има.

Белгискиот чувар на мрежата изјави дека не очекува аплаузи од фановите на Челзи, но се надева дека нема да биде исвиркан како кога гостува кај Атлетико Мадрид, кој исто така му е поранешен клуб.

„Имам добри спомени од Челзи, освоив две шампионски титули и двапати ФА купот, но не се разделивме на најпријателски начин. Тоа е минато. Не очекувам овации, но барем посакувам да не ме исвиркуваат. И тие и ние ја посакуваме победата. Во модерниот фудбал, тим кој атакува на трофеи, мора да има добра одбрана и добар голман. Полесно се победува кога не примате лесни голови. Освојувањето на Лигата на шампионите ми е сон, би сакал да го освојам овој трофеј пред завршување на кариерата“, рече Куртоа пред гостувањето на „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести