Куртоа незадоволен: Реал ги освои ЛШ и првенството поради моите одбрани, а дури на седмо место сум во изборот на Златната топка

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, заврши на седмото место во изворот за Златната топка, награда која се додели синоќа во Париз. Карим Бензема е избран за најдобар фудбалер во светот, а Куртоа, кој е соиграч на Бензема во Кралскиот клуб, беше незадоволен од фактот дека тој е дури на седмото место во изборот.

„Ако сте голман, невозможно е да ја освоите Златната топка. Реал Мадрид го освои првенството и Лигата на шампионите поради моите одбрани, а јас на крајот завршив на седмото место во рангирањето“, незадоволно коментираше Куртоа, кој сепак не остана без награда и беше избран за најдобар голман во светот.

„Добро е барем што постои наградата за најдобар голман. Горд сум што ја освоив таа награда како голман на Реал Мадрид“, додаде Кутоа.

Освен Куртоа, незадоволен од изборот на Златната топка беше и неговиот соиграч од Реал Мадрид, Тони Крос. Германецот се чудеше како може Реал Мадрид, кој стана европски првак, да биде на третото место во изборот за најдобар тим во светот.

„Трета најдобра екипа за сезона 2021/22 – среќни?“, беше коментарот на Крос на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести