Куртоа се налути и ја напушти белгиската репрезентација

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го напушти кампот на белгиската репрезентација по ремито на Црвените ѓаволи против Австрија (1:1) во квалификациите за ЕП 2024.

Белгиските медиуми денеска пишуваат дека Куртоа ја напуштил репрезентацијата бидејќи е лут на одлуката на селекторот Доменико Тедеско да не му ја довери капитенската лента.

Тедеско на собирот на репрезентацијата во отсуство на Кевин де Бројне најавил дека Ромелу Лукаку ќе биде капитен на дуелот со Австрија, а Куртоа ќе ја има капитенската лента на мечот против Естонија, кој ќе се игра утревечер.

Иако првично се согласил со оваа одлука, подоцна Куртоа одлучил да не патува со репрезентацијата во Талин.

- Оглас -

Најнови вести