Куртоа „седнува“ во болидот на Ред Бул на местото на Ферстапен

Голманот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Тибо Куртоа, реши слободното време во карантинот да си го пополни со учество во електронски спорт. Белгиецот ќе биде меѓу ѕвездите кои ќе учествуваат на виртуелната трка од Формула 1 шамионатот за големата награда на Кина. Тоа ќе биде трета трка од календарот на Формула 1 која ќе се одвива онлајн.

Освен Куртоа, на трката ќе учествуваат и Шарл Леклер од Ферари, Џоеџ Расел од Вилијамс, Антонио Џовинаци од Алфа Ромео, Ландо Норис од Мекларен, Александер Албон од Ред Бул и Николас Латифи.

Куртоа кој ги сака игрите, му се заблагодари на Ред Бул за шансата, вели дека тренирал во последните недели и се надева дека ќе се пласира во средината и на позиција која носи поени.

- Оглас -

Најнови вести