Куртоа со оригинална тетоважа во чест на освојување на Лигата на шампионите (Фото)

Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа, беше прогласен за играч на мечот, во финалето на Лигата на шампиони кога Кралскиот клуб минимално со 1:0 го победи Ливерпул и стигна до рекордниот 14-ти трофеј во елитното европско натпреварување.

Белгискиот голман имаше неколку феноменални одбрани, откажувајќи ги напаѓачите на Ливерпул во обидот да го загрозат неговиот гол. Винисиус јуниор го даде голот за победа на Реал во 58-мата минута, но сепак одбраните на Куртоа беа најважното нешто поради кое шпанскиот гигант победи и затоа беше играч на мечот.

Во чест на овој меч, Куртоа реши да се истетовира и вечно да има спомен од таа блескава вечер за него. На тетоважата се неговите иницијали, трофејот од Лигата на шампионите и бројот 1 да се знае дека тој бил најдобриот, односно бројот 1 во финалето.

- Оглас -

Најнови вести