Куса авантура – Фелипе и Шкендија се разделија по три месеци

Шкендија најави голема метла во своите редови по европскиот дебакл и скромните резултати во домашното првенство, а прв си замина Бразилецот Хуан Фелипе.

Само по три месеци проведени во Тетово, Фелипе и Шкендија се резделија со взаемен договор.

„Во интерес на двете страни одлучивме на заеднички состанок дека сега е вистински момент да се прекине меѓусебниот договор. Шкендија му благодари на Хуан Фелипе за придонесот и му посакува многу успех во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.

Фелипе беше еден од јунаците на вардаровиот поход кон историскиот настап во Лигата на Европа во 2017 година и беше стрелец на првиот гол за најтрофејниот клуб во Македонија во фазата по групи во еврокуповите.

Потоа си замина, па одлучи да се пресели во редовите на лутиот ривал Шкендија, но тоа беше со кус рок и соработката траеше само три месеци.

Се најавува заминување на уште неколку ѕвезди на тимот од Тетово, а и кратење на буџетот на клубот.

- Оглас -

Најнови вести