Кутињо е најголемото промашување во историјата на Барселона: Ливерпул очекува нови 20 милиони евра за него

Филипе Кутињо пред три години пристигна во Барселона како големо засилување од Ливерпул, но не се покажа како што очекуваа во каталонскиот гигант.

Барселона за него плати 160 милиони евра, во кои беа вклучени разни бонуси, кои дури и по три години од трансферот, доаѓа време да бидат наплатени. Неодамна од Барселона најавија дека ќе се обидат да го продадат Кутињо за да можат да вратат дел од загубените пари поради Бразилецот.

Доколку Кутињо одигра само уште 12 мечеви за Барселона, односно стигне до бројката од 100 натпревари, Каталонците ќе мора да платат дополнителни 20 милиони евра како еден вид бонус. Бразилецот во дресот на Барселона досега има одиграно вкупно 88 меча, во кои има постигнато 23 гола, а има и 14 асистенции. За да не стигне до 100 натпревари како играч на Барселона, Каталонците ќе мора да најдат клуб што ќе сака да го купи Кутињо во јануарскиот преоден рок или да биде даден на позајмица, како што беше, додека го носеше дресот на Баерн Минхен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести