Кутињо и Ракитиќ ќе бидат продадени денеска или утре

Барселона со сите сили се обидува да ги продаде Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ за да има пари да купи квалитетен напаѓач кој им е многу потребен по повредата на Луис Суарес.

Каталонците имаат проблем со реализацијата, премногу се потпираат на Лионел Меси, но за да доведат замена за Суарес, мора да прават финансиски егзибиции. Идејата им е да го продадат Кутињо, кој е позајмен во Баерн, а да заработат и од продажба на Иван Ракитиќ, кој често е резерва во Барса и сака да си оди.

Најголем проблем за Барселона е што нема доволно време, зимскиот преоден рок е до утревечер, а и Евертон им одбил понуда за Ришарлисон. Следните часови ќе бидат доста интересни на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести