Кутињо комплетира „гренд-слем“ во кариерата

Филипе Кутињо синоќа не беше во составот на Барселона затоа што е договорено тој како позајмен да игра за Баерн Минхен во оваа сезона. Со преминот во баварскиот гигант, Кутињо ќе комплетира таканаречен гренд-слем, со настапи во четирите најсилни лиги во Европа.

Некаде му одеше подобро некаде не се прослави. Најдобар беше во Премиерлигата, но летово не се врати таму, иако имаше понуди.

Бразилецот од 2008 до 2013 година беше член на Интер од Милано, иако во три од тие пет сезони играше како позајмен во Васко де Гама и Еспањол, потоа од 2013 до 2018 играше за Ливерпул, а од пред една и пол година потпиша за Барселона. Откако собра искуство од играње во Италија, Шпанија и Англија, Кутињо сега се сели во Германија.

Договорот за позајмицата треба да се потврди официјално во текот на денов. Засега не се знае дали ова ќе влијае негативно на обидот на Барселона да го донесе Нејмар, бидејќи во сите комбинации, освен пари каталонците на ПСЖ му го нудеа и Кутињо.

- Оглас -

Најнови вести