Кутињо се врати во Премиерлигата, пак ќе биде во ист клуб со Стивен Џерард

Барселона и Астон Вила официјално постигнаа договор за позајмица на бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо, кој до крајот на сезонава ќе игра за клубот од Бирмингем. Договорот на Кутињо со Барса е до 2023 година, а пред да почне да игра, треба да добие работна дозвола и да ги мине лекарските тестови.

Кутињо кој има 29 години, верува дека во Вила може да си ја врати формата и да биде повикан за настап на Светското првенство. Дел од платата ќе му ја плаќа и Астон Вила, и тоа е чекор со кој Барселона може наскоро да го пријави Феран Торес.

Кутињо како ѕвезда на Премиерлигата, во јануари 2018 потпиша за Барса, Каталонците за него платија 135 милиони евра, но тој со своите бледи игри, не ги оправда парите. Во Барселона дојде од Ливерпул, каде соиграч му беше Стивен Џерард, а сега во Астон Вила, тренер на Кутињо ќе му биде токму Џерард.

- Оглас -

Најнови вести