Кутињо снимен на прослава во Ливерпул (Видео)

„Ми недостасуваш брат!“ Ова е пораката до сонародникот Филипе Кутињо која ја напишаa Роберто Фирмино и Алберто Морено проследена со клипови од забавата, по повод роденденот на сопругата на напаѓачот на Ливерпул, Лариса Переира.

Судејќи според снимките, Кутињо и Фирмино се доста блиски, но тоа што од јануари веќе не се клупски колеги, не значи дека не се дружат во слободно време. На забавата на која гостите беа облечени во бело и доминираше бразилска музика од бендот кој свиреше во живо, присутни беа и Алберто Морено и Фабињо.

Кутињо уште игра со Фабињо и Фирмино во бразилската репрезентација, а со Морено во Ливерпул играа заедно три и пол години.

Погледнете мал дел од атмосферата на роденденот:

 

- Оглас -

Најнови вести