Кутињо во Баерн ќе го носи дресот со бројот на Робен

Филипе Кутињо кој е на лекарски прегледи пред да потпише договор со Баерн Минхен, каде ќе игра како позајмен од Барселона со право да биде целосно откупен следното лето, во баварскиот гигант ќе го носи дресот со бројот 10. Десетката е слободна по заминувањето на ветеранот Арјен Робен.

Но, проблемот е што не беше планирано толку рано да се открие пред јавноста кој број ќе го носи Кутињо. Грешката ја направија во производителот на спортска опрема Адидас. На инстаграмот на Адидас утрово се појави клип на кој со возбуда објавија дека новиот 27-годишен играч на Баерн ќе има десетка на грбот. Објавата беше избришана бидејќи договорот не е официјализиран.

 

- Оглас -

Најнови вести