Кузмановски: И ние сакаме да го дадеме најдоброто од себе, но вечерва не беше така

Бекот Филип Кузмановски кој вечерва не постигна ниту еден гол, истакна дека е разочаран од исходот и вети подобра игра против Швајцарија.

„Знаевме со кој противник игравме, домаќини се, имаше полна сала, Германците ја казнуваат секоја грешка. Поборбени бевме во одбрана отколку со Франција, но тоа е, животот оди понатаму, немам зборови. Сега имаме слободен ден, сепак играме за Македонија, за себе и за навивачите, ќе се бориме. И ние сакаме да го дадеме најдоброто од нас, денеска не беше така, ќе се потрудиме за се подобриме против Швајцарија“, вели Кузмановски.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести